Поврзете се со нас

Светски првенства

Фердинанд го дефинира најсилното оружје на францускиот состав во Катар

Објавено

на

Рио Фердинанд ги анализира натпреварите на СП за „Би-Би-Си“, а на интересен начин се обидел да го објасни главниот квалитет на финалистот Франција.

По триумфот над Англија во четвртфиналето, Французите вчера го совладаа и Мароко, а Рио вели дека главното оружје на актуелниот светски првак е начинот на кој победува.

– Франција не ни мора да игра добро за да победи, поминуваат низ период во кои се добива впечаток дека се мачат.

– Сепак имаат искуство и знаење, како и експлозивна моќ во нападот кој може да постигнува голови и да го одлучи натпреварот.

– Мбапе е фудбалер кој може да направи целосен пресврт, продуцира одредени фантастични моменти поради кои сфаќаме зошто веќе е меѓу најдобрите во светот, – изјавил Рио.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни