Поврзете се со нас

АТП

Федерер за рекордот на Ѓоковиќ: Тоа е неверојатна работа…

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ е голем фаворит за освојување на уште еден грен слем, овој пат во Лондон на неофицијалното светско тениско првенство или поточно Вимблдон.

Србинот има позитивен старт на турнирот и тоа не е воопшто изненадување како за јавноста така и за големите асови како што е Рожер Федерер кој веќе некое време е во пензија. Швајцарецот посочи дека ќе биде изненаден ако Ѓоковиќ не слави повторно на Вимблдон, а воедно го поздрави и неговиот рекорд за најмногу освоени грен слем трофеи во машка конкуренција.

-Тој е голем, голем фаворит. Мислам дека тоа е одлично за него. Имав мои моменти. Таа осма титула овде или онаа кога ја освоив петти пат по ред, тоа беа моите моменти. Ако некој го изедначи или надмине тоа, тоа ќе биде нивна работа, негов момент. Сега се е до медиумите и играчите. И јас бев принуден да соборувам рекорди, да ги изедначувам, но кога седиш на страна и гледаш на сè, имаш сосема поинаква перспектива за се, особено кога не сте во него.

-Почнувате да се опуштите и едноставно сте горди на вашите достигнувања. Па се надевам дека ќе го направи тоа, бидејќи сè што додава, тој всушност додава во тениската историја, ги надминува сите. Тој оди во глобалниот спорт, како кога ја освои 23-та титула во Париз. Тоа е неверојатна работа. Тоа се големи вести и добри за играта. Мислам дека е голем фаворит и би бил изненаден доколку повторно не го освои Вимблдон, -пореча Рожер за „Си-Ен-Ен“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни