Поврзете се со нас

Светски првенства

Фановите одлучија, гол на бразилски репрезентативец бил најатрактивен на СП во Катар

Објавено

на

Бразилската фудбалска репрезентација остана далеку од финалето и титулата на СП во Катар, но како утеха ќе го има фактот дека нејзин претставник го постигнал најубавиот гол на турнирот.

Се работи за голот на Ришарлисон на дуелот меѓу Бразил и Србија, на кој „кариоките“ издоминираа во групната фаза и го најавија првото место во оваа фаза.

Акробатскиот удар на напаѓачот на Тотенхем освоил најмногу гласови во анкетата спроведена меѓу фановите, па Ришарлисон ќе биде сопственик на ова признание.

Во конкуренција за наградата беа уште неколку гола, вклучувајќи уште еден на истиот фудбалер, како и погодоци на Мбапе, Гакпо, Нејмар и други.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни