Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Фановите на Барса се помешаа и фрлаа „проектили“ кон автобусот во кој беа Чави и нивните миленици (Видео)

Објавено

на

Навиавачите на БАрселона се погрижија за спектакуларна атмосфера и пречек за паметење пред четвртфиналето со ПСЖ во Лигата на шампионите, но оние најрадикланите пред „Монжуик“ режирале и мал циркус во моментите кога поминувале автобусите.

Од вжештената атмосфера и чадот од факелите, еден дел од фановите на Барселона го помешали клупскиот автобуст на Барселона, па мислејќи дека се работи за оној на ПСЖ, почнале да фрлаат „проектили“ кон него.

Оваа бизарна сцена пристигна на половина час пред големата пресметка во Лигата на шампионите, а иако во прв момент навивачите добија пофалба за добрата организација, на крајот служат и за сеир на социјалните мрежи.

Најдобра вест е што ниту еден играч на Барса не минал со повреда во дадената ситуација, па за очекување е жешката атмосфера од пред стадионот да се пресели и на трибините.

Во најавата за реванш четвртфиналето, Чави побара од навивачите ад приредат атмосфера иста како онаа на „Камп Ноу“, а како што стојат работите, тоа изгледа допре до ушите на најверните фанови на каталонскиот великан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни