Македонија
Еурофарм Пелистер на македонски погон до лесна победа над Прилеп

По храброто издание против ПСЖ, Еурофарм Пелистер повторно мораше да се насочи кон домашните преизвици, а денеска пред своите гледачи без проблеми се справи против уште еден ривал од Суперлигата.
Тренерот Јовиќ денеска им даде шанса на македонските ракометари и се потпре на домашни сили, па и во такви услови „зелено-белите“ остварија лесна и убедлива победа над Прилеп (42:29).
Актуелниот шампион не успеваше да се одлепи во првите 15 минути по кои резултатот беше 8:8, но потоа имаше прво одлепување и на пауза замина со предност од 18:14.
Прилеп успеваше да парира и во почетната фаза на вториот дел, но повторно не можеше да одговори на налетот во вторите 15 минути, во кои Пелистер создаде и двоцифрена предност.
Костески и Ѓорговски беа лидери на победата и постигнаа по девет погодоци, додека кај гостите најефикасен беше Квастек со десет гола.
-
Англијапред 8 часа
Матиќ ги обелодени двете ѕвезди на Јунајтед кои редовно доцнеле на тренинзите: Останатите бевме бесни
-
Англијапред 23 часа
Кин почнува да се сомнева во Сити: Има причина зошто…
-
Светпред 9 часа
Родригез ги одбил Сити и ПСЖ: Флорентино ми постави едно прашање пред да потпишам за Реал
-
Англијапред 10 часа
Ширер: Јунајтед има голем проблем во соблекувалната, четворица играчи се откажаа од борба
-
Италијапред 21 час
Поранешен италијански судија го закачи Мурињо: Голем тренер не ги прави овие работи, ова мора веднаш да престане
-
Англијапред 11 часа
ФА покрена истрага против Сити за завршницата од дербито, шампионот мора да даде одговор до четврток
-
Германијапред 22 часа
Хаман за ѕвездата на Баерн: Тухел не го сака во екипата, нивните патишта се разминуваат
-
Англијапред 9 часа
Артета му одговори на Пеп со иста мера и ги насмеа новинарите (Видео)