Поврзете се со нас

Англија

Еуфоричниот Клоп го загуби својот венчален прстен на „Енфилд“, па даде легендарна изјава (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Ливерпул ја продолжи позитивната серија на резултати и на самото отворање на 2024-та година, а со триумфот над Њукасл отиде на плус три од Астон Вила, односно плус пет од Манчестер Сити и Арсенал.

„Црвените“ дефинитивно не беа вбројувани како кандидати за титулата на стартот на сезоната, но на средина од истата, слободно може да се заклучи дека избраниците на Клоп повторно изгледаат зрело и сериозно во шампионската битка.

Салах се одјави со два гола пред да замине на Африканскиот куп кој ќе се игра во месец јануари и го постигна последниот гол на мечот, со кој практично беше заверена победата од 4:2.

Интересно, сите шест гола беа постигнати во неверојатното второ полувреме кое донесе многу емоции на трибините, а во целата еурофија се вклучи и Јирген Клоп кој режираше легендарна сцена додека ги отпоздравуваше фановите.

Клоп го загуби својот венчален прстен и мораше да отпочне потрага на теренот, па откако доби мала помош и си ја пронајде бурмата, даде и специјална изјава за „Скај Спортс“.

– Боже мој, тоа ќе беше навистина лудо ако го загубев. Еднаш го загубив и потребен ми беше професионален нуркач за да го пронајде, бидејќи тоа ми се случи во море.

– Одвреме навреме кога губам килограм или две, знае да ми отпадне прстеност. Бев навистина живнат по крајот на мечот и се шокирав кога видов дека ми го нема прстенот. Камерманот неколкупати ме изнервира оваа сезона, но денеска беше многу важен за мене.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни