Поврзете се со нас

Европски првенства

Ериксен ја објави првата фотографија од болница и им се обрати на фудбалските фанови

Објавено

на

Кристијан Ериксен вчера ја испрати првата порака преку краткото интервју за „Газета“ по саботниот шок кој ја замрзна и ја облеа во солзи цела светска фудбалска јавност, а ова утро, Данецот ја објави и првата фотографија од болница и испрати уште една порака.

Големата ѕвезда на данската фудбалска репрезентација се огласи преку социјалните мрежи и ја испрати првата слика од болницата, каде во наредниот период ќе му бидат направени дополнителни детални прегледи пред да се откријат вистинските причини за тоа што му се случи.

И покрај сите уредни лекарски прегледи досега, Ериксен колабираше на теренот на натпреварот против Финска и лекарите го вратија во живот со брзата реакција и реанимацијата со дефибрилатор, па откако пристигнаа информации дека е значително подобар, сега тој самиот се огласи на Инстаграм.

– Здраво на сите. Сакам да испратам огромно благодарам за вашите убави и прекрасни пораки од цел свет. Ова има огромно значење за мене и моето семејство.

– Сега сум добро со оглед на околностите. Се уште мора да минам низ испитувања во болницата, но се чувствувам добро. Сега ќе навивам за данскиот фудбалски тим на наредните натпревари. Играјте за цела Данска. Се најдобро, Кристијан, – гласи објавата на Ериксен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни