Поврзете се со нас

Македонија

Епилог во ТЦР Европа: Најуспешната сезона на ПСС Рејсинг крунисана со трофеј

Објавено

на

Виктор Давидовски и Франко Џиролами денеска ја затворија сезоната во ТЦР Европа првенството со трофеј за македонскиот автомобилист, вицешампионска позиција за Аргентинецот и повеќе од солидно петто место во тимскиот ранкинг.

Неочекуваните проблеми во квалификациите земаа данок во однос на стартот и на денешната, втора трка во Барселона, но Давидовски и Џиролами се држеа одлично до финишот на трката, обезбедувајќи позиции кои носеа поени.

Сепак, Давидовски во дуел со Николас Берт за 11. место заврши со пукнат пневматик, па на крајот го освои 19. место, што сепак беше доволно да го освои првото место и трофејот во категоријата „Дијамант“, за кој се бореа сите возачи на возраст над 40 години.

За Давидовски сезоната со 95 освоени поени е најуспешна досега во ТЦР серијата, а бројот на поени е поголем од сите освоени претходните три сезони.

Џиролами денеска возеше за престиж бидејќи уште вчера си ја потврди вицешампионската титула во дебитантската сезона во ТЦР Европа, а иако стартуваше како претпоследен, го освои петтото место, намалувајќи ја разликата во однос на шампионот Микел Аскона, кој не настапи на денешната трка.

Тимот на Себастијан Леб го освои првото место во оваа конкуренција, додека ПСС Рејсинг ја заврши сезоната на повеќе од солидното петто место, во конкуренција на 15 тимови со остварен пласман.

Победник на денешната, последна трка од сезоната беше Русинот Клим Гаврилов, пред Меди Бенани и Теди Кларе. Исидро Калјехас го освои второто место, но подоцна стјуардите го дисквалификуваа и остана без пласман во Барселона. Казни добија и Џими Кларе и Сами Тауфик, со што овие возачи останаа и без Топ 10 пласман.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни