Поврзете се со нас

Франција

Енрике сака уште шест засилувања во ПСЖ, има и една конкретна желба

Објавено

на

foto:www.facebook.com/PSG

Шпанскиот стратег, Луис Енрике се согласи да биде нов предводник на Пари Сен Жермен иако клубот е во еден специфичен период во кој веќе остана без Лионел Меси, на излезна врата е и Килијан Мбапе што значи дека од големата тројка најверојатно ќе остане само Нејмар кој низ годините имаше специфичен однос со ракодвоството и навивачите.

На Енрике нема да му биде лесно да игради топ екипи која ќе одговори на сите предизвици меѓу кои и сонот за пехар во ЛШ, но Шпанецот е искусен и сигурно докрај ќе се бори за да се остварат амбиците, ама и тој има барања.

Некои имиња веќе пристигнаа на „Паркот на принцовите“, меѓутоа Лучо бара нови засилувања, шест освежувања во кои има и едно конретно име.

Според „Sports Zone“ се бараат две крила, играч од средината на теренот, голман и по можност Хари Кејн од Тотенхем. Тука се пет играчи затоа што виси статусот на Марко Верати, ако биде продаден во Саудиска Арабија за што веќе има информации тогаш ќе се бара директна замена за него.

Кога се работи пак за Кејн тој е голема трансфер мета на Баерн Минхен кој веќе имаше неколку неуспшни обиди да го ангажира, ама продолжува да притиска, да испраќа подобрени понуди.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни