Поврзете се со нас

НБА

Ембид и Филаделфија стигнаа до прва победа, Детроит му ја уништи рекордната вечер на ЛаВин

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/chicagobulls

Филаделфија дојде до првата победа во новата НБА сезона и тоа на гостински терен кај Торонто (107:114), на натпревар на кој Ембид и Макси постигнаа по 34 поени.

Двајцата ги предводеа 76-ките до посакуваниот резултат, а првата ѕвезда Ембид имал и 9 скокови и 8 асистенции за заокружување на одличниот настап.

Зек ЛаВин постигна 51 поен во дресот на Чикаго, но неговиот личен рекорд не беше доволен за победа на Булс во дуелот со Детроит Пистонс (118:102).

ЛаВин е првиот играч кој сезонава постигнал најмалку 50 поени на еден натпревар, а стана и првиот играч на Чикаго по Мајкл Џордан, кој на еден дуел реализирал 50 поени без ниту една асистенција.

Дурен бил најдобар поединец кај победничката екипа, завршувајќи го натпреварот со 23 и 15 скокови или импресивен дабл-дабл учинок, а Канингем стигнал до 25 поени и 10 асистенции.

Дурент и Гордон го предводеле Феникс до втора победа сезонава и тоа рутинска над екипата на Јута (126:104), при што го завршиле натпреварот со 26, односно 21 поен.

Детроит-Чикаго 118:102
Њу Орлеанс-Њујорк 96:87
Вашингтон-Мемфис 113:106
Кливленд-Индијана 113:125
Торонто-Филаделфија 107:114
Минесота-Мајами 106:90
Феникс-Јута 126:104

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни