Поврзете се со нас

Македонија

Елмас проговори за своето турско потекло и додаде: Имам еден неостварен сон со Македонија

Објавено

на

Елиф Елмас беше важен дел од македонската експедиција која една седмица беше во Анталија, а фудбалерот на Ред Бул Лајпциг во тој период направил и интервју за новинската агенција „Анадолу“, која сега го објави разговорот со Македонецот.

Офанзивниот фудбалер полека се адаптира на новата средина во Германија и очекува вистинскиот Елмас сите да го видат наредната сезона, но во разговорот со Турците говорел и за целта која ја има како македонски репрезентативец.

Елмас откри дека пред да заигра за Македонија, имал понуда од Фатих Терим да заигра за Турција, но останува горд што ја избрал селекцијата од својата родна земја, со која сонува дека еден ден ќе заигра и на Светско првенство.

– Веќе како репрезентација игравме на Европско првенство и тоа беше голема работа за нас. Секако дека сите посакуваме настапи на големи натпреварувања. Мојот неоставрен сон е Светско првенство и се надевам дека ќе заиграм како македонски репрезентативец. Имаме млада генерација, оваа подмладена селекција ќе постигне добри резутлати во периодот кој следи. За нас е е лесно како во Турција, нашата земја е многу помала за разлика од Туција каде има 80 милиони жители.

– На 5-ти јун во 2017-та година Македонија одигра пријателски меч со Турција и истиот заврши 0:0. Пред тоа, тогашниот селектор Фатих Терим ме повика да играм за Турција, но тоа не се случи. После тоа, добив повик од младинската селекција на Македонија, а на 11-ти јуни дебитирав за А селекцијата во мојата родна земја. Беше тешко да донесам одлука, но на крајот ја избрав Македонија, – вели Елмас, кој во разговорот говорел и за своите турски корени.

– Јас сум роден во Скопје, а татко ми е од Тетово. Моето семејство потекнува од турска Кутахја од времето на отоманскиот период. Имаме роднини во Бурса и во Измир. Јас сум роден во Македонија и мојата родна земја ми даде многу, но моето потекло е од Турција, – појаснува Елиф.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни