Поврзете се со нас

Италија

Елмас погоди за „петарда“ во Неапол, Наполи го посрамоти Јувентус во дербито (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Наполи го прегази Јувентус со 5-1 во дерби натпреварот со кој беше отворена 18.рунда во Серија А.

„Старата дама“ допатува во Неапол со осум победи во низа и исто толку натпревари без да прими гол, но вечерва беше немоќен и доживеа пораз кој долго ќе го памети. Наполитанците покажаа зошто се лидери во актуелнава кампања, покажаа одлична игра и испукаа „петарда“ во мрежата на Шчесни со тоа што еден од стрелците беше нашиот Елиф Елмас.

Елмас влезе на стартот на вториот дел на местото на Политано, а во 72 минута го постави конечниот резултат.

Покрај него за домаќините погодија Осимен (2) Кварацхелија и Рахмани, додека на спротивната страна стрелаше Ди Марија.

Наполи со 47 бода е прв или сега има 10 повеќе во однос на „бјанконерите“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни