Поврзете се со нас

АТП

Едноставно, но уникатно: Ѓоковиќ со специјален подарок го одбележа апсолутниот рекорд (Фото)

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ се подготвува за својот втор настап во 2023-та година и истиот ќе биде денеска на турнирот во Дубаи, но пред да дојде до тоа, Србинот оствари еден апсолутен рекорд кој е навистина посебно уникатен.

Србинот веќе подолго време беше тенисерот кој има минато најмногу седмици како прв на АТП листата, но сега го обедини статусот на најдолговечен на првото место и во машка и женска конкуренција.

Ноле овој понеделник ја започна својата 378 недела на врвот на светскиот тенис и со тоа го надмина рекордот на Штефи Граф, кој многумина прогнозираа дека никогаш нема да биде соборен.

Ѓоковиќ не мислеше така, па откако го израмни минатата седмица, сега е осамен на врвот со 378 недели и планот му е само да го подобрува во наредниот период.

– Благословен и благодарен, – напиша Ноле под сликата на кој се гледа на каков уникатен начин го прослави апсолутниот рекорд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни