Поврзете се со нас

НБА

Ѕвездата на Бостон: Јас сум најдобриот играч во НБА лигата (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: twitter.com/NBA

Во НБА лигата има кратка пауза по Ол-стар викендот во Индијанаполис, но возбудувањата се враќаат веќе во петок наутро и тоа со богата програма од 12 натпревари.

Пред овие средби актуелен со интервјуто за „ЕСПН“ е асот на Бостон Селтикс, Џејсон Тејтум кој нескромно за себе смета дека е најдобриот играч во НБА лигата.

-Кој е најдобар играч во НБА? Јас, -одговори Тејтум кој потоа го образложи својот одговор со оглед на тоа што во минатото го има издвоено Јанис Адетокумбо.

-Имам многу почит за многу играчи во лигата. Јанис е тука, се разбира. Јокиќ, очигледно – ја освои титулата. Ембид, беше МВП. Лигата е во добри раце. Навистина верувам дека секогаш кога ќе излезам на паркетот, јас сум најдобриот играч, -истакна Џејсон кој сезонава има учинок од 27,1 поени, 8,6 скока и 4,8 асистенции по натпревар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни