Поврзете се со нас

Италија

Џовинко се враќа во италијанскиот фудбал, потпишува со тим од Серија A

Објавено

на

Подзаборавениот Себастијан Џовинко ќе се врати во италијанскиот фудбал откако бил пред конечен договор со тим кој игра во најелитната лига на „чизмата“, Серија А.

Фудбалерот кој веќе долги години игра далеку од европскиот континент сега се наоѓа пред враќање во најсилните фудбалски лиги откако сериозен интерес за него пројавила екипата на Сампдорија.

Познатиот италијански новинар Џанлука Ди Марцио пишува дека клубот од Џенова влегол во финални преговори со Џовинко откако нивниот офанзивец Маноло Габиадини заработил сериозна повреда.

Во моментов Џовинко може да реализира трансфер иако е поминт преодниот рок затоа што е слободен агент откако му истече договорот со Торонто.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни