Поврзете се со нас

АТП

Џентлменскиот потег на Ѓоковиќ кој Прижмиќ ќе го памети до крајот на животот (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/AustralianOpen

Дино Прижмиќ за првпат заигра на големата сцена и не можеше да добие потежок ривал во првата рунда на Аустралијан Опен, но талентираниот Хрват само ги потврди натписите кои беа актуелните изминативе неколку дена.

Осумнаесетгодишниот Хрват има светла иднина пред себе и тоа го покажа со изданието кое го имаше против Новак Ѓоковиќ, кој исцрпен по борбата која траеше четири часа, не штедеше комплименти за својот двојно помлад ривал.

Србинот остана воодушевен од својот балкански колега и ги бираше зборовите по крајот на мечот, но исто така имаше и еден гест кој младиот Дино сигурно ќе го памети до крајот на својот живот.

Ноле не чекаше аплаузи за себе по мечот кој заврши 3:1 во сетови, односно побара од 15 илјадната публика да му даде стоечки овации на Прижмиќ.

– Не можам да престанам да делам комплименти, глеам многу потенцијал во него. Тој има се што е потребно за да биде врвен тенисер и да напредува. Многу ми се допадна како се однесува на теренот, никогаш не се откажа, ниту на 4:0 во четвртиот сет. Искрено, на моменти се чувствував како да се гледам себеси во огледало. Немаше слабост во неговата игра, дури и сервисот му беше добар. Тој сегмент може да го подобри, но има само 18 години и цело време е пред него, – изјави Србинот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни