Европски купови
Дупјачанец си обезбеди место во топ 5 изборот во Лигата на Европа (Видео)

Фото: РК Металург
Даниел Дупјачанец беше единствената светла точка во тимот на Металург за време на вчерашното гостување во Виена, каде македонскиот претставник претрпе нов тежок пораз во Лигата на Европа.
Младите играчи од Автокоманда не можеа да се носат со Фајверс во дефанзивен поглед и примија дури 45 голови во мечот кој го загубија со 45:30, а мала утеха од оваа средба е тоа што денеска Дупјачанец доби признание за своето издание.
Голманот на Металург има една од петте најдобри одбрани на колото во второто по ранг ракометно натпреварување на стариот континент, или поточно ја има петтата најдобра одбрана во колото што измина.
Инаку, Дупјачанец по крајот на вчерашниот меч нагласи дека овие европски натпревари се од огромна важност за младите ракометари во Металург, без оглед на непосакуваните резултати и билансот од само еден освон бод во групата.

- Англијапред 22 часа
Летна и првата глава по неуспехот на Супер лигата, навивачите на Манчестер Јунајтед во транс
- Англијапред 24 часа
Позната причината поради која Даниел Леви го отпуштил Жозе Мурињо
- Светпред 23 часа
Европската лига се распадна како кула од карти по само два дена: Вечерва клучен состанок за откажување
- Англијапред 21 час
Сунес со остар коментар: Девет месеци имаа состаноци со другите директори, Вудвард е само почетокот (Видео)
- Италијапред 21 час
Италијанските новинари едногласни за статусот на Ањели во Јувентус
- Лига на шампионипред 21 час
Перез за „Лекип“: Не сме загрижени, ќе го реализираме проектот Супер лига
- Светпред 11 часа
Румениге му одржа лекција на Перез како најголем поборник на Супер лигата
- Англијапред 19 часа
Официјално: Сите англиски клубови се повлекуваат од Супер лигата