Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Драма во „Ланксес арената“: Магдебург ја детронизираше Барса на пенали, Европа ќе добие нов ракометен владетел (Видео)

Објавено

на

Магдебург направи големо изненадување и стана првиот финалист во годинешното издание на Лигата на шампионите, откако фајнал-фор турнирот го стартуваше со квалитетна партија и детронизирање на актуелниот првак.

Ракометна Европа ќе добие нов владетел и за тоа се погрижија играчите на Магдебург, кој ова попладне успеаја да ја совладаат моќната Барселона и да ја добијат драмата во Келн.

Барселона цела сезона не претрпе пораз во елитното натпреварување и повторно важеше за главен фаворит за трофејот, но денеска потклекна во пенал рулетот, во кој каталонците не реализираа четирите од петте удари од седум метри.

Претходно, лудото полуфинале ескалираше со израмнета игра и период „гол за гол“ во второто полувреме, кој направи регуларниот дел да заврши со 31:31, иако Барса имаше последна шанса да оствари победа.

Јанц биеше од половина, но Дамград одбрани на линијата и со тоа се означи крај на 60-те минути, без оглед на тоа што каталонците протестираа и бараа да добијат пенал.

Наместо тоа, натпреварот отиде во продолженија и Магдебург во првите пет минути стигна до 35:33, но Барса се врати и второто продолжение заврши со резултат 38:38.

Во пенал рулетот, играчите на Барса беа катастрофални и само еднаш ја погодија мрежата, а двата гола на Магдебург беа доволни за пласман во големото финале.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни