Поврзете се со нас

Германија

Дортмунд не го положи најважниот испит во сезоната, Баерн е старо-нов шампион на Германија (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBayernEN

Фудбалерите на Баерн Минхен ја продолжија доминацијата во Бундеслигата и тоа откако во последното драматично 34. коло славеа над Келн со 2-1, а притоа нивниот најголем ривал Борусија Дортмунд направи голем кикс против Мајнц (2-2) кој ги чинеше титула.

„Милионерите“ ја имаа пол-позицијата пред денешната рунда, играа на домашен терен, но не го положија најважниот испит, не го издржаа притисокот и освоија само бод против Мајнц и тоа со гол длабоко во судиското продолжение.

Избраниците на Терзиќ испратија 30 удари кон голот на гостите, не реализираа и пенал во првиот дел при негатива од 1-0 или едноставно се некако беше против нив на дуелот во Дортмунд.

Од друга страна пак неизвесно беше и во Келн каде Баерн со погодокот на Мусиала во 89 минута дојде до славје од 2-1, победа вредна пехар во најсилниот германски шампионат.

„Баварците“ остануваат на тронот каде се уште од сезоната 2012/2013.

Во ЛШ одат уште Лајпциг и Унион Берлин, а во европските купови ќе излезат уште Фрајбург и Баер Леверкузен.

Шалке заедно со Херта се враќа во втората лига, додека бараж за опстанок ќе игра Штутгарт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни