Поврзете се со нас

НБА

Дончиќ ја реши Минесота, па го бараше навивачот со кого имаше препирки за време на натпреварот (ВИДЕО)

Објавено

на

Далас Маверикс излезе како победник од втората битка со Минесота Тимбервулс во рок од неколку дена, а во прв план сосема очекувано беше Лука Дончиќ.

Словенецот беше на чекор од трипл-дабл, поточно „испука“ 25 поени, 9 скока и 10 асистенции со што го замолкна Минеаполис, но и еден навивач со кого Лука имаше препирки, дискусија за време на натпреварот.

-Еден дечко постојано зборуваше со мене. Не го видов на крајот. Кога шутиравме слободни фрлања, тој веќе го немаше. Но знаете тоа ме поттикнува. Разговарам со навивачите, тоа го сакам.  Тоа ме движи, инспирира и затоа дојдовме до големата победа, -рече Дончиќ кој за разлика од некои други ѕвезди, играчи не бара да се исфрлаат фановите од арената.

Само да потсетиме Лука на претходната средба беше и исклучен, па дефинитивно овој триумф и тоа како ќе му донесе задоволство.

Дончиќ и Кид беа исклучени во пакет, Лејкерс поразен без главните ѕвезди (ВИДЕО)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни