Поврзете се со нас

НБА

Дончиќ и Кид беа исклучени во пакет, Лејкерс поразен без главните ѕвезди (ВИДЕО)

Објавено

на

Далас Маверикс игра многу лошо на гостински терен во оваа сезона во НБА лигата, а уште една потврда за тоа добивме и рано утрово каде составот од Тексас беше поразен во пресметката со Минесота Тимбервулвс (116-106)

На гостите не им одеше, се чувствуваше одредена нервоза, а како капак на се во финишот на третиот период беа ислучени Лука Дончиќ и тренерот Џејсон Кид. Дончиќ доби втора техничка грешка, Кид реагираше по што судиите решија да го остранат од клупата.

Дончиќ заврши со 19 поени со што беше втор стрелец зад Динвиди со 20 кошеви. Инаку ова за Маверикс беше 11 неуспех во 14 натпревар надвор од нивниот дом.

Едвардс беше фантастичен кај „волците“ и му беше потребна само асистенција за трипл дабл (27 поени, 13 скока, 9 асистенции), квалитетна поддршка му беше Рид со 27 поени и 13 скокови.

ЛА Лејкерс без услугите на Дејвис, Леброн и Вестбрук доживеа пораз во Аризона кај Феникс од 130-104. „Сонцата“ имаа страшна тимска партија, шестмина беа двоцифрени од кои комплетната стартна петорка.

Пол со 28 и Ејтон со 21 поен беше најзабележителни, додека Шродер уфрли 30 за „езерџиите“.

Резултати:
Кливленд – Јута 122:99
Филаделфија – Торонто 104:101 (прод.)
Атланта – Орландо 126:125
Хјустон – Сан Антонио 105:124
Минесота – Далас 116:106
Њу Орлеанс – Милвоки 119:128
Оклахома – Портланд 123:121
Финикс – ЛА Лејкерс 130:104
Сакраменто – Шарлот 119:125

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни