Поврзете се со нас

НБА

Дончиќ ги уништи Клиперси со својата најслаба точка, па ги „поздрави“ хејтерите (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/dallasmavs

Лука Дончиќ презема одговорност во најтежок момент и се погрижи Далас да направи брејк во Лос Анџелес, победа со која Мавериски сега ќе имаат убава прилика да направат разлика на домашен терен.

По лошото издание на првиот меч, Словенецот беше посебно инспириран во „Крипто арената“, не само во офанзивен дел, туку и во дефанзива.

Дончиќ беше најдобар поединец на паркетот со 32 поени во победата од 93:96, но самиот тој остана горд на партијата која ја понуди во одбрана.

Покрај 32-та поени, Лука придодаде и 9 асистенции и 6 скокови, но клучна во неговата игра беше одбраната и импресивното чување на противничките ѕвезди.

Според статистиката, играчите на Клиперс погодиле само 2 од 17 шутеви од игра кога Дончиќ бил првиот човек во одбраната, а тоа биле Џејмс Харден и Амир Кофи.

Сите останати играчи на Клиперс не успеале да реализираат во дуелите со Дончиќ, кој по натпреварот ги „поздрави“ и стандарните хејтери кои му забележуваат за лошата игра во одбрана.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни