Поврзете се со нас

Франција

Донарума се јави со самоуверена изјава за трансфер судбината на Мбапе

Објавено

на

ПСЖ ја оствари првата победа во новата сезона и успеа да слави над Ленс со резултат 3:1, средба која беше одбележана од повратникот во првиот тим на „светците“.

Килијан Мбапе погоди и на првиот меч кој го одигра пред една недела, но ако тој беше доволен само за бод, сега постигна два и беше клучен за првиот триумф на Луис Енрике.

Француската ѕвезда го надмина тешкиот период и беше одмрзнат по конструктивниот состанок кој го имаше со Ал Келаифи, па сега сите во Париз се убедени дека тој останува во ПСЖ.

Џанлуиџи Донарума беше бесен по крајот на мечот бидејќи прими гол во самата завршница, но од друга страна, не го криеше задоволството што ќе ја дели соблекувалната со Мбапе барем уште една сезона.

– Вистинско уживање е да се игра со Мбапе, тој е фантастичен и прави разлика во секој поглед. Тој останува со нас и оваа сезона и сите сме убедени во тоа. Килијан сигурно останува со нас, – изјавил Донарума пред новинарите во Франција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни