Поврзете се со нас

Меѓународни настани

Доказ дека мачките имаат девет животи: Неверојатна сцена од „Хард Рок“ стадионот стана интернет сензација во Америка (Видео)

Објавено

на

Натпреварот од американскиот фудбал меѓу Мајами Хјуриканс и Апалијан Стејт стана вирален на социјалните мрежи, бидејќи фановите на познатиот „Хард Рок“ стадион се погрижиле за сцена која стана вирална во САД.

Домашниот тим го добил натпреварот со 25:23, но резултатот западнал во втор план поради еурофијата која настанала на една од трибините во моменти кога се спасувал животот на една мачка.

Фановите на Мајами забележале дека мачка виси на врвот од трибината и со помош на американско знаме се погрижиле да има безбедно слетување, а објавеното видео експресно стана интернет сензација во Америка.

Еден од фановите на цел стадион му покажал дека е спасен животот на мачката, а „Хард Рок“ стадионот преку соопштение подоцна потврди дека малото животно е во најдобар ред и му посака среќа во наредните осум животи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни