Поврзете се со нас

Олимписки игри

Добри вести за нашиот сосед: Јокиќ ќе игра за Србија на ОИ во Париз

Објавено

на

Ѕвездата на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ ќе и биде на располагање на српската репрезентација за Летните Олимписки Игри кои наредната година ќе се одржат во Париз.

Јокиќ кој важи за еден од најдобрите кошаркарки на денешницата не беше дел од тимот на Србија кој играше на Светското првенство, одлука поради која беше доста критикуван, па и навредуван.

-Го немавме МВП на НБА, Никола Јокиќ. Ниту Василије Мичиќ, МВП на Евролигата. Ниту Никола Калиниќ. Мислам дека се обединуваме и го извлекуваме најдоброто од нас, како и во сите спортови. Можам да бидам горд на сезоната на Новак Ѓоковиќ и на Ивана Шпановиќ која го освои златото на Светското атлетско првенство во 2023 година.

-Инаку, веќе најавив дека во Париз ќе бидат сите, вклучително и Јокиќ. Игрите во Париз ќе бидат забава, а уверен сум дека српскиот спорт ќе има големо учество, -порача претседателот на Олимпискиот комитет на Србија, Божидар Маљковиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни