Поврзете се со нас

Репрезентација

Добри вести за нашиот национален тим: Македонија ќе биде домаќин на претквалификациите за СП

Објавено

на

Македонската кошаркарска репрезентација ќе има можност на домашан терен да се избори за пласман во главниот дел од квалифиакциите за Светското првенство.

Имено бордот на ФИБА Европа донесе одлука Скопје да биде домаќин на еден од турнирите како дел од претквалификациите за пласман на Светскиот Куп во 2023 година. Во „балонот“ во нашиот главен град ќе се соочиме со Швајцарија и Словачка, дуели кои ќе ги одиграме во периодот од 12 до 18 август.

Со Швајцарците ќе играме на 12 август, два дена подоцна ќе се соочиме со Словачка за да на 16 и 18 одиграме уште по еден натпревар со овие споменати селекции. Првопласираните две репрезентации обезбедуваат место во квалифиакциите за мундијалот.

Останатите три претквалификациски турнири ќе се играат во Португалија, Летонија и Црна Гора.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни