Поврзете се со нас

Англија

Директор на Сити за можното заминување на Силва: Малку е доцна…

Објавено

на

Бернардо Силва е еден од играчите со кои Барселона понатаму се поврзува, но прашање е дали има простор и време да е реализира еден ваков трансфер кој би бил уште една „бомба“ од страна на каталонците.

Сепак шпанскиот вицешампион ќе мора да реши неколку прашања пред да проба да го добие потписот на Португалецот, но дури и се да е идеално останува дилема дали Сити би се впуштил во реализација на ваква операција со оглед на тоа што ќе има многу малку време да најде соодветна замена.

Најдобар доказ за намерата, ставот на „граѓаните“ е кратката изјава на извршниот директор на клубот, Феран Соријано кој кратко, ама јасно порача:

-Малку е доцна да се зборува за нови имиња и заминувања, -порача Соријано.

Инаку Барселона и Манчестер Сити вечерва ќе се соочат на „Камп Ноу“ во средба која ќе има хуманитарен карактер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни