Поврзете се со нас

Италија

Директор на Милан: Никој во клубот не зборувал за отказ за Пиоли

Објавено

на

Фото:https://twitter.com/acmilan

Стефано Пиоли му донесе скудето на Милан по долг период, но веќе втора сезона по ред „росонерите“ не можат да фатат приклучок со екипите како Наполи и Интер, кои издоминираа во претходната, односно актуелната сезона.

Таквиот развој на настаните и елиминацијата во групната фаза на Лигата на шампионите ги засилија шпекулациите дека тренерот ќе добие отказ, но извршниот директор Џорџо Фурлани има малку поинаков став за статусот на Пиоли.

– Досега имаме добра сезона, но за жал и овојпат има екипа која ги надминува очекувањата.

– Лани тоа беше Наполи, сега е Интер, но не треба да заборавиме дека Пиоли го врати Милан во Лигата на шампионите и го одведе до титула.

– Често заработува критики, но истовремено постигна значајни резултати за клубот. Никој во клубот досега не разговарал за негов отказ, а оваа сезона не треба да се оценува според она што ќе се случува во продолжение од Лига Европа или на градското дерби со Интер, – истакнал Фурлани.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни