Поврзете се со нас

Балкан

Динамо се огласи за судбината на тренерот Јакировиќ по срамот во Косово (Фото)

Објавено

на

Сергеј Јакировиќ пристигна во Динамо за да го спасува „бродот кој тоне“, но доскорешниот тренер на Ријека има доста тежок и турбулентен старт во Загреб, кој вчера кулминираше со срамен пораз во Косово.

Хрватскиот првак загуби од Балкани во Приштина со резултат 2:0 и покажа навистина жална и тажна слика, по што Јакировиќ посочи дека мора да преспие, пред да одлучи дали ќе остане како шеф на стручниот штаб.

На вчерашниот меч во тимот на Динамо не беа Македонците Стефан Ристовски и Аријан Адеми, а Јакировиќ им посочи на останатите да се погледнат во огледало и да преземат одговорност за ужасното издание.

Иако опција беше и поднесување на оставка, Јакировиќ утрово пристигнал со мисла дека треба да остане да го води тимот, а поддршка доби и од самиот клуб кој се јави со кратко соопштение.

– Со ова соопштение сакаме да му искажеме поддршка на тренерот Јакировиќ и неговиот стручен штаб. Клубот стои зад нив и има верба дека тие ќе го вратат тимот на победничките патеки. Свесни сме дека ситуацијата не е добра, но сега е време да покажеме дека Динамо е најсилен кога е најтешко.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни