Поврзете се со нас

Светски првенства

Дин го анализираше судењето на Марцињак: Каква одлука…

Објавено

на

Полскиот арбитар, Шимон Марцињак ја делеше правдата на спектакуларното финале на Светското првенство кое на крајот заврши со триумф на Аргентина и тоа по пенал рулетот.

Марцињак се обидуваше на најдобар можен начин да ја заврши својата работа и општиот впечаток е дека беше на високо ниво како што и треба за еден завршен меч на Мундијал. Неговите одлуки беа добри иако имаше доста коментари за досудениот пенал за Аргентина во првото полувреме по дуелот на Ди Марија и Дембеле.

Меѓутоа експертите се сложија дека Полјакот донел вистинска одлука, тоа при анализата го посочи поранешниот шпански судија, Алфонсо Перез Бурул, мислење кое го дели и Мајк Дин.

Поранешен шпански судија: Пеналот над Ди Марија беше чист како солза (ВИДЕО)

Дин кој долги години судеше во Премиер лигата (сега е задолжен за ВАР) смета дека сите важни одлуки на Шимон биле вистински, а една посебно ја издвои обидот на Турам да изнуди пенал, нешто што веднаш го забележа главниот арбитар.

-Каква одлука, веројатно најдобрата од сите. Кога Енцо Фернандез го затвори Маркус Турам, Французинот падна. Ама Марцињак се постави во одлична позиција и виде како Фернандез се повлече од предизвикот. Марцињак со право го санкионираше Французинот, -порача Дин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни