Поврзете се со нас

Репрезентација

Димитријевиќ се повреди и нема да настапи на олимписките претквалификации во Талин!

Објавено

на

Најдобриот македонски играч, Ненад Димитријевиќ нема да биде дел од македонската репрезентација на турнирот од олимписките претквалификации што ќе се одржи во Естонија.

Димитријевиќ требаше да биде лидер на нашата репрезентација, но доживеа повреда на тетивата која ќе го спречи да помогне во битките со домаќинот, потоа Израел и Чешка.

Ова е огромен хендикеп за националниот состав, па сега најголема одговорност дефинитивно ќе падне врз Ти-Џеј Шортс и ветеранот Војдан Стојановски.

На местото на Димитријевиќ е повикан Андреј Шошкиќ кој летово веќе играше за селекциите до 20 и 18 години.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни