Поврзете се со нас

Свет

Димитријевиќ не погоди тројка за победа, Парма Перм ја прекина серијата на Уникс (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: www.unics.ru/

Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ имаше уште едно импресивно издание во дресот на Уникс Казањ, меѓутоа овојпат истото не беше доволно за позитивен резултат на неговиот тим на гостувањето кај Парма Перм во ВТБ лигата.

Домаќините се покажаа како тврд орев, одиграа квалитетно, борбено низ сите 40 минути и се изборија за славје од 82:80. Резултатот можеше да биде и поинаков затоа што во последниот напад нашиот Димитријевиќ промаши тројка за победа, а потоа Бако не погоди од под кош за два поени и со тоа да го однесе натпреварот во дополнителни пет минути.

Ова за Уникс е прв пораз од 13 јануари кога загуби од истиот овој противник со 72-70. Потоа избраниците на Перасовиќ нанижаа седум победи се до денеска каде Парма одново се покажа како незгодна и славеше во својот дом.

Нена реализираше 24 поени со 3 скока и 4 асистенции, двоцифрени беа уште Рејнолдс, Најт и Бако.

Џонсон пак со 20 кошеви се истакна кај победникот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни