Поврзете се со нас

Репрезентација

Димитријевиќ директен: Целта е да запишеме две победи и да одиме во Полска

Објавено

на

foto: kfsm.mk

Членот на Уникс Казан, Ненад Димитријевиќ повторно и е на располагање на нашата репрезентација која ја очекуваат претквалификациите за Олимписките Игри во Париз.

Пред нас е турнирот во Талин каде ќе ги одмериме силите со домаќинот Естонија, Чешка и Израел, а плејмејкерот верува дека ќе се преставиме во најдобро светло, но и дека мора да одиме чекор по чекор.

-Ги знаеме нивните квалитети, знаеме дека ќе играме против сериозни репрезентации. Со Естонија игравме во квалификациите за Европското првенство пред две години. Тоа е силна репрезентација, а ние се спремаме најдобро што можеме. Да пробаме да преминеме во следната рунда од натпреварите.

-Натпреварите со Полска (пријателски во Белград) се предвидени токму за тоа, да се подготвиме за тоа што следува, за турнирот во Талин. И се надевам дека ќе бидеме подготвени за оној прв натпревар таму во Естонија, -вели Нено кој е оптимист и верува дека можеме да дојдеме до вториот турнир во Полска.

-Целта е да запишеме две победи и да одиме во Полска. За тоа и се подготвуваме. Но ќе одиме од натпревар до натпревар. Мислам дека така е најпаметно да гледаме на работите. Потоа ќе се сконцентрираме на она што следува, -порача нашиот најдобар играч.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни