Поврзете се со нас

Италија

Дибала постигна атрактивен гол, па го напушти теренот со солзи во очите (Видео)

Објавено

на

Пауло Дибала најпрвин ги израдува, а потоа сериозно ги загрижи фановите на Јувентус, напуштајќи го натпреварот со Сампдорија со солзи во очите.

Аргентинецот постигна атрактивен гол во 10. минута и донесе водство за домашниот тим, за сам десетина минути подоцна да побара замена од тренерот Алегри.

Дека ситуацијата е сериозна сведочат солзите на Дибала, кој скршен го напушти теренот, очигледно свесен дека се работи за нешто што може да го остави без настапи подолг период.

Дибала се надеваше дека ќе ја преземе лидерската улога во Јувентус по заминувањето на Кристијано Роналдо, а посебно по минатата сезона во која имаше многу проблеми со повреди.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни