Поврзете се со нас

Лига Европа

Дибала му фати сеир на Феенорд: Не заборавам (ФОТО)

Објавено

на

foto:twitter.com/OfficialASRoma

Екипата на Рома успеа да добие уште една битка со Феенорд, конечна победа која им овозможи пласман во осминафиналето на Лига Европа каде ќе ги одмерат силите со премиерлигашот Брајтон.

Рома и Феенорд во последниве неколку години постојано се соочуваат и меѓу двата клуба се разви едно интересно ривалство. „Волчицата“ беше поуспешна во трите битки, прво славеше во финалето на Конференциската лига, лани го елиминираше холандксиот великан во четвртфиналето на ЛЕ, а годинава тоа го направи во 1/16 финалето во истото натпреварување.

Пауло Дибало го искористи последниот успех да му фати сеир на клубот од Ротердам и тоа на социјалните мрежи.

Прво го сподели тик-ток видеото на Феенорд од минатата година кога холандскиот тим и се смееше на „волчицата“ поради тоа што не обезбеди пласман во ЛШ.

-Не заборавам, -напиша Паоло.

Потоа го сподели постот на калчолигашот порачувајќи дека Рома повторно победила.

Аргентинецот на крајот му се изнасмеа на Феенорд и на неговиот пост на Инстаграм.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни