Поврзете се со нас

Италија

Дибала ги спореди Мурињо и Алегри и призна дека е многу поблизок со Португалецот

Објавено

на

Пауло Дибала беше блиску до потпишување на долгогодишна верност на Јувентус, но целата зделка на крајот пропадна во последен момент и Аргентинецот си замина од Торино како слободен агент.

Иако првично контактираше со Интер и Милан, Дибала во продолжение од летниот преоден рок се пресели во Рома и му се придружи на Жозе Мурињо, тренер со кој Аргентинецот вели дека има поблизок однос во споредба со човекот со кого соработуваше со години во Јувентус.

– Мурињо и Алегри се многу слични во некои поглед, но и толку различни во некои други страни. Ќе бидам искрен, имам многу поблизок однос со Мурињо, зборуваме многу почесто и ги разменуваме идеите.

– На теренот двајцата се многу слични, станува збор за тренери кои се фокусираат на цврста одбрана и сакаат да го контролираат мечот. Во фудбалот секој треба да ги споделува своите идеи, така беше меѓу мене и Алегри и секогаш го дававме најдоброто за Јувентус.

– Сакам да бидам јасен, само разменувавме идеи, не се каравме секој ден и не треба да се прави контроверзија од тоа. Знам дека на социјалните мрежи сакаат контроверзии, но Алегри беше човекот кој ми помогна да напредувам многу во Јувентус, – вели Дибала.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни