Поврзете се со нас

Италија

Ди Канио не е воодушевен од летното засилување на Наполи: Се надевам дека Спалети ќе го научи да плива!

Објавено

на

Наполи се најде во фокусот на италијанската спортска јавност откако тимот на Лучијано Спалети презентираше извонреден фудбал во Европа, бидејќи во средата вечерта му одржаа вистинска лекција на Ливерпул.

Уверливиот триумф и прикажаниот стил на игра против актуелниот европски и англиски вицешампион донесе позитивна атмосфера во Неапол и најблиското опкружување, но додека јавнсота говори за имиња како Осимен, Кварацхелија и Зиелински, Паоли Ди Канио се осврна и на летното засилување од кое не е импресионирано.

Легендарниот Ди Кание не очекува Спалети да направи чудо со играчот кој пристигна од Премиер лигата, Французинот Тангуј Ендомбеле кој досега само еднаш стартуваше за Наполи.

Своевремено, Тотенхем плати 60 милиони евра за играчот за врска, но тој никогаш не ги оправда вложените средства, а Ди Канио не очекува да импресионира и во Италија каде почна како резерва во Наполи и не доби ниту една минута против Ливерпул.

– Ако Спалети успее да направи чудо со Ендомбеле, ќе дојдам до него и ќе му симнам капа, ќе му ги дадам сите можни комплименти. Сепак, не верувам во тоа, – вели Ди Канио за „Ил Матино“.

– Станува збор за играч кој не е научен да се жртвува за тимот, а Спалети бара такви играчи. Ендомбеле не трча кога ја нема топката, тој не е креативен играч. Не очекувам Спалети да го научи да оди по вода, но се надевам дека ќе го научи барем да плива во фудбалски води. И тоа ќе биде голем успех со таков играч, – додава Паоло.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни