Поврзете се со нас

Светски првенства

Дешамп излегол со краток одговор откако добил прашање дали ќе го врати Бензема за финалето

Објавено

на

Карим Бензема се повреди непосредно пред стартот на Светското првенство и веднаш го напушти кампот на Франција, но еден месец подоцна, неговите колеги се изборија за пласман во големото финале во Катар и ќе се борат за одбрана на титулата светски прваци.

Франција го победи Мароко со 2:0 во второто полуфинале и го завери својот билет за неделното финале на „Лусаил“ стадионот, а со оглед на тоа што Карим веќе ја санираше повредата и Дешамп не повика замена за него, новинарите го прашаа дали планира да го повика и да биде огромно засилување против Аргентина.

– Нема да ви одговорам на ова, претпочитам да преминам на следното прашање, – истакнал нервозниот Дешамп, кој претходно во текот на турнирот веќе најави дека не планира да го врати Карим во тимот.

Дешамп решил да се насочи кон она што е реално и она што ги чека неговите фудбалери, а тоа е неделното финале против разиграните „гаучоси“ предводени од Лео Меси.

– Постои голема емоција и чест што повторно сме во финалето. Направивме важен чекор, но останува уште еден. Цел месец сме заедно во ова и никогаш не е лесно да стигнете до последниот меч. Сега чекаме само да дојде финалето и прекрасно е што имаме нова шанса за трофеј, – изјавил Дешамп на пресот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни