Поврзете се со нас

Англија

„Десетката“ на Барселона се сели во Премиер лигата: Ансу Фати изненади со изборот на новиот клуб

Објавено

на

foto:www.facebook.com/fcbarcelona

Ансу Фати долго време порачуваше дека нема намера да си замине од Барселона и дека ќе направи се за да се докаже, потврди во актуелнава сезона, но во завршницата на летниот преоден рок се предомисли и остави простор да си замине од „Камп Ноу“.

Тоа и ќе се случи со тоа што на крајот изненади со изборот на новата дестинација. Тој се поврзуваше со Тотенхем, Челси, Севилја во последниве денови, ама на крајот ќе заврши во Брајтон.

Премиерлигашот и менаџерот Роберто Де Ѕерби биле најупорни, најконретни и го убедиле напаѓачот да ја прифати нивната понуда.

Се работи за позајмица до крајот на годината, позајмица во која нема да има клаузула за откуп на договорот. Најголемиот дел од платата ќе биде покриена од Брајтон, па сега останува само да се минат стандардните процедури, медицинските прегледи по што досегашната десетка на Барселона ќе може да му се посвети на новиот предизвик во кариерата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни