Поврзете се со нас

Англија

Депај прави неочекуван потег и ќе се врати во Премиер лигата

Објавено

на

Мемфис Депај изминативе недели беше поврзуван со трансфер во Јувентус, но се чини дека и двете страни се повлекоа од ваквата идеја.

Јувентус не можел да ги прифати финансиските услови на Холанѓанецот и веќе го договори Аркадиуш Милик, додека Депај во последен момент избрал друг клуб во кој сака да ја продолжи кариерата.

За многумина изненадувачки, Депај сега е многу блиску до Манчестер Јунајтед, чиј менаџер Ерик тен Хаг побарал од раководството експресно да го обезбеди неговиот сонародник.

Депај не е во плановите на Барса и шпанскиот состав нема да биде пречка за предвремено раскинување на договорот, додека премиерлигашот сигурно може да му обезбеди поголема плата на напаѓачот во споредба со можностите на Јувентус.

Холанѓанецот веќе настапуваше за Јунајтед меѓу 2015 и 2017 година, па преку Лион, стигна до Барселона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни