Поврзете се со нас

Италија

Дел Пјеро му испрати порака на Влаховиќ за прославата на деби голот во Торино (Фото)

Објавено

на

Душан Влаховиќ постигна фантастичен гол на дебито за Јувентус во Серија А, но го привлече вниманието и со начинот на кој го прослави својот првенец во „бело-црниот“ дрес.

Српскиот напаѓач со мајсторски лоб го совлада голманот на Верона, но се најде во фокусот и поради прославата при која потсети на двајца фудбалери, од кои едниот му е соиграч.

Влаховиќ го изимитира Пауло Дибала и го поздрави со неговата „маска“ по голот за 1:0, но претходно славеше во стилот на легендарниот Алесандро Дел Пјеро со изваден јазик надвор од устата.

Ова не остана незабележано од легендарниот „Пинтурикио“, кој преку социјалните мрежи му испрати порака на Србинот за прославата во Торино.

– Брзо учиш, – му порача Дел Пјеро на новиот голгетер на Јуве.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни