Поврзете се со нас

Македонија

Дејвис ја запиша првата победа, Вардар рутински се справи со Пролет

Објавено

на

Вардар ја оправда улогата на апсолутен фаворит во домашното првенство против Пролет, славејќи победа од 34:22 благодарение на импресивната игра во вториот дел.

Пролет одлично парираше во првиот дел и имаше резутлатска неизвесност до 20-та минута кога беше 11:10, но Вардар на пауза замина со плус три (15:12) и го започна својот победнички од на донашен терен.

Стартот на вториот дел го одлучи победникот откако избраниците на Дејвис го забрзаа темпото, кое не можеше да биде следено од гостите кои на крајот загубија со 12 разлика.

Дејвис ја запиша првата победа како тренер на Вардар, а на денешниот натпревар им даде шанса на дури 13 ракометари, со што потврди дека се уште го испитува ростерот со кој располага.

Моралес со пет погодоци беше најефикасен во победничкиот тим, додека Гаџа, Дибиров и Ѓукиќ постигнаа по четири погодоци. На спротивната страна, по пет гола постигаа Аларов, Џонов и Голубовиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни