Поврзете се со нас

Италија

Дефанзивецот кој играше на позајмица во Милан: Малдини, дојди купи ме (Видео)

Објавено

на

Милан стана шампион во Италија по пауза од 11 години и го освои Скудетото со тим на кој му даваа навистина малку шанси за успех, а дел од истиот беше и Алесандро Флоренци кој по секоја цена сака да направи перманентен трансфер на „Сан Сиро“.

Како што најавуваат медиумите од Италија, Милан во најскоро време ќе ја активира откупната клаузума вредна 2,7 милиони евра, по што поранешниот капитен на Рома ќе си осигура перманентен трансфер во Милано.

По освоената титула, Флоренци е на одмор во друштво на свои пријатели, а сега едно видео стана посебно вирално бидејќи испрати урнебесна порака до директорот на Милан.

Паоло Малдини е одговорен за сите трансфер операции на „Сан Сиро“, па пред официјализирање на зделката со десниот бек, се појави и следното видео.

– Паоло, дојди купи ме перманентно…..

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни