Поврзете се со нас

Италија

Де Роси за првото тренерско искуство на дербито: Му поставив чудно прашање на судијата за време на мечот

Објавено

на

Foto:twitter.com/ASRomaEN

ДАниеле Де Роси го имаше своето прво искуство како тренер на „Дерби дела капитале“, а по крајот на истото посочи дека му било многу потешко крај аут линијата, отколку во времето кога играше на теренот.

Де Роси добро знае каков притисок носи големото градско дерби во престолнината, но ако треба да бира, нагласи дека искуството како тренер било доста потензично.

– Искуството е навистина поразлично како тренер, поразот има уште поголема тежина кога сте лидер како тренер. Мене лично притисокот ми беше познат, бидејќи се сеќавам на ова дерби и во времиња кога сме се бореле за многу попрестижни работи.

– Сепак, ќе нагласам дека притисокот како тренер е полош. Како играч може да трчате по теренот и се обидувате да промените некои работи. Крај аут линијата е многу потешко и полошо.

– Да бидам искрен, денеска му поставив чудно прашање на четвртиот судија. Го прашав дали официјалниот часовник е расипан, бидејќи ми изгледаше како воопшто да не поминува времето, – изјави Де Роси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни