Поврзете се со нас

Англија

Де Хеа со реакција по вестите дека може да се врати во Јунајтед (ФОТО)

Објавено

на

Давид Де Хеа си замина од Манчестер Јунајтед по крајот на минатата сезона или поточно откако му заврши договорот.

Шпанецот сакаше да остане на „Олд Трафорд“ и долго време се преговараше за продолжување на соработката, меѓутоа не се најде заеднички јазик, а во тоа улога дефинитивно имаше и менаџерот Ерик Тен Хаг кој се реши да доведе нов голман и тоа Андре Онана кој досега не се прослави и доби доста критики.

Низ англиските медиуми се појавија вести дека Де Хеа би можел да се врати во таборот на премиерлигашот и тоа како замена за Камерунецот кој на почетокот на наредната година ќе оди на Купот на африканските нации.

„Сан“: Манчестер Јунајтед планира да го врати Де Хеа во тимот

Овие вести дефинитивно допреа и до Давид кој објави едно замислено емоџи од кое не може многу да се прочита.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни