Поврзете се со нас

Италија

Де Брујне постигна страшен гол, Гвардиола му испраќаше бакнежи (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Кевин Де Брујне почна да прави разлика за Манчестер Сити веднаш по враќањето од повреда, а откако беше поштеден на мечот со Астон Вила, денеска дознавме дека паузата навистина добро му дошла.

Белгиецот беше инспириран против Кристал Палас и го најави важниот пресврт кој го направи актуелниот шампион, па интересно тој го постигна првиот и последниот гол за неговиот Манчестер Сити.

Сепак, ремек-делото кое го изведе за 1:1 е моментот кој го одбележа мечот, а истиот стана уште повеќе интересен поради начинот на кој беше прославен од Пеп Гвардиола.

Белгискиот фудбалски мајстор постигна страшен гол и голманот на Кристал Палас немаше никакви шанси, па тоа го натера Пеп да му испраќа бакнежи од крај аут линијата.

Де Брујне во продолжение постигна уште еден гол, оној за 1:4, додека во листата на стрелците за Сити се запишаа и Рико Луис и Ерлинг Халанд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни