Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Де Брујне имаше вечер за заборав, но влезе на теренот за да побара дрес од една ѕвезда на Реал (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Кевин Де Брујне доживеа неочекуван пех и во последен момент отпадна од стартната постава на Манчестер Сити, а Белгиецот воопшто не доби шанса и остана на клупата за резерви.

Пеп Гвариола откри дека Белгиецот се почувствувал лошо и почнал да повраќа по пристигнувањето на „Сантијаго Бернабеу“, по што не му останало ништо друго, освен да избере друг играч на негово место.

Де Брујне очигледно немаше сили да помогне и од клупата за резерви, но и покрај лошата вечер, Кевин на крајот влезе на теренот за да се поздрави со ривалите од Реал.

Посебно впечатлива беше комуникацијата која ја имаше со Лука Модриќ, од кого и побара дресот како сувенир од необичното гостување кое го имаше во шпанската престолнина.

Де Брујне очигледно е голем вљубеник во фудбалските квалитети на Хрватот, кој без размислување одговори позитивно и му го подари дресот.

Моментот погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни