Поврзете се со нас

Светски првенства

Далиќ обелодени што му порачал на Меси, па додаде: Аргентинците не се однесуваа така пред четири години!

Објавено

на

Видеото на кое се гледа како Златко Далиќ за момент го прекинува интервјуто на Лионел Меси стана вирало на социјалните мрежи, но иако доста пофалби за гестот доби Аргентинецот, хрватскиот селектор ја свртел приказната во друга насока на денешниот прес пред новинарите од неговата земја.

Далиќ откри каква кратка порака имал за аргентинскиот капитен во микс-зоната, но потсети дека тој и неговите колеги од Аргентина не се однесувале толку добро и професионално кога загубија од „коцкестите“ пред четири години во Русија.

– Во микс-зоната ги сретнав Меси и Мартинез, имавме блиска средба и им посакава среќа во финалето. Тоа беше убав гест после еден таков важен натпревар.

– Ние се однесувавме многу поинаку од тоа како тие се однесуваа во Русија, но секој на различен начин ги доживува емоциите и се однесува на поинаков начин.

– Најтешко е да останете достоинствен и во поразот, а токму тоа покажува каква фудбалска големина е Модриќ. Видовте како им честиташе по крајот на мечот. Тоа е она што јас го почитувам. Французите ни се поклонуваа во Москва и тоа е гест кој навистина ве радува, гест кој ви кажува дека навистина вредите и дека сте важни во светскиот фудбал, – порачал Далиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни