Поврзете се со нас

Балкан

Далиќ: Никогаш не сме биле вака лоши, време е да повикам нови играчи

Објавено

на

Хрватска одигра два лоши натпревари во овој октомвриски „прозорец“ од квалификациите за Европското првенство, дуели против Турција и Велс на кој беа забележани два порази и сега „коцкестите“ се надвор од позициите кои преку оваа фаза водат во Германија.

Селекторот Златко Далиќ ја презема одговорноста за овие партии, самиот е свесен дека овие издание се далеку од тоа што се очекува и е спремен да преземе драстични мерки и повика некои нови имиња, освежувања почнувајќи од наредниот собир.

-Имавме одлична ситуација до пред еден месец, а сега бевме многу лоши. Тоа што го игравме беше под секое ниво. Ја презедов одговорноста. Ништо не водеше до ова по септември и Лигата на нациите. Не реагирав, не ја почувствував оваа ситуација, тоа е моја одговорност, не бев добар.

-Не ни се случило на два натпревари да бидеме толку лоши, без агресија и идеи, да не шутираме кон голот, да бидеме непрепознатливи и лоши. Тоа не е проблем на пристапот, туку на подготвеноста и способноста на играчите. Многу играчи беа надвор од нивните тимови. Турција и Велс беа подобри од нас, не бевме ни блиску. Не беа проблем двајца-тројца поединци, сите бевме лоши. Јас прв. Факт е дека ова е неприфатливо и дека мора да бараме подобри решенија. Имав свои идеи и размислувања, но не сакав да менувам ништо додека ни оди добро. Веројатно можеме да очекуваме нови повици до нови играчи, да ги донесам одлуките за кои размислував. Морам да го анализирам ова и да излезам од комфорната зона во која живеев и во која живееја играчите.

-Тешко е да се очекува дека некој играч веднаш да блесне. Нема да зборувам за поединци преку медиумите. Факт е дека сите потфрливме. Вида? Против Турција имавме несигурности поради лошата поставеност. Со Вида сакав да стекнам стабилност и сигурност, искуство. Ни недостасуваат Перишиќ и Крамариќ, тие имаа најмногу голови и асистенции во мојот мандат. Тие ги решаваа натпреварите и двајцата многу ни недостасуваа. Соса влезе во проблеми во Ајакс и не ги одигра последните три натпревари, па не играше многу. Мора да бараме други решенија, кога нашите играчи од средниот ред немаат свој ден, тогаш не играме добро. Мораме да се собереме и да го најдеме најдоброто за она што не чека.

-Овие порази ни беа тешки. Очекувањата и амбициите се големи, така ги поставивме. Сè што не правиме без да бидеме најдобри на светот не е добро. Треба понекогаш да паѓаш и стануваш, ќе излезам од ова посилен од било кога, -порача селекторот на „коцкестите“.

Хрватите во номеври имаат дуели со Летонија и Ерменија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни