Европски првенства
Далиќ: Бев лут на полувреме, сега мислиме само на клучниот меч

Најавите на Златко Далиќ се остварија и Хрватска доби шанса самата да решава за својата судбина, откако „коцкестите“ на најдобар можен начин го прифатија подарокот од Велс.
Островјаните не успеаја да славата во Ереван и одиграа само 1:1 против Ерменија, а неколку часа подоцна, Хрватска славеше на гостувањето во Летонија со 0:2.
Оваа победа ја однесе Хрватска на второто место и го прескокна Велс на табелата, па сега во завршното квалификациско коло потребно е да оствари било каква победа против Ерменија на домашен терен.
– Морам да им честитам на момците за победата, добро ја завршивме работата, имавме авторитет и самодоверба. Дадовме два гола и во вториот дел мирно го приведовме мечот до крај. Дојдовме до тоа што сакаме, сега сме во ситуација само да одлучуваме за пласман на Европското првенство, – изјави селекторот Златко Далиќ, кој призна дека не му се допаднало опуштањето пред крајот на првиот дел.
– Да бидам искрен, бев и лут на полувреме. Водиш 2:0, малку се опушташ и тоа може да донесе до примен гол од некој прекин. За среќа не дојде до тоа и сега можеме да се насочиме кон она што следи. Сега мислиме само на Ерменија и на клучниот меч за нас, – додаде Далиќ.
-
Англијапред 8 часа
Матиќ ги обелодени двете ѕвезди на Јунајтед кои редовно доцнеле на тренинзите: Останатите бевме бесни
-
Англијапред 23 часа
Кин почнува да се сомнева во Сити: Има причина зошто…
-
Англијапред 11 часа
Ширер: Јунајтед има голем проблем во соблекувалната, четворица играчи се откажаа од борба
-
Светпред 9 часа
Родригез ги одбил Сити и ПСЖ: Флорентино ми постави едно прашање пред да потпишам за Реал
-
Италијапред 21 час
Поранешен италијански судија го закачи Мурињо: Голем тренер не ги прави овие работи, ова мора веднаш да престане
-
Англијапред 11 часа
ФА покрена истрага против Сити за завршницата од дербито, шампионот мора да даде одговор до четврток
-
Англијапред 9 часа
Артета му одговори на Пеп со иста мера и ги насмеа новинарите (Видео)
-
Германијапред 22 часа
Хаман за ѕвездата на Баерн: Тухел не го сака во екипата, нивните патишта се разминуваат